Е-Б-Ф-Б
ВЕЛС ФАРГО НАЈАВИ ЗАТВОРАЊЕ НА 400 СВОИ ФИЛИЈАЛИ ВО САД

блиц свет

Велс Фарго (Wells Fargo) која е една од најголемите американски банки соопшти дека планира да затвори повеќе од 400 банкарски филијали до крајот на 2018 година. Банката веќе затвори 84 локации во 2016 година. Како најважна причина за зачестеното затворање на банкарските филијали и канцеларии е посочено онлајн и мобилното банкарство, кои сѐ повеќе стануваат прв избор на американските граѓани за банкарски услуги, но и заштедата од 2 милијарди долари годишно во следниве години. Во моментов Велс Фарго располага со 6 000 филијали во 39 држави, што претставува преку 1 000 филијали повеќе од која било друга банка во САД. Дури и ако се реализира најавата, Велс Фарго едвај ќе надмине 8 % затворени филијали, додека трендот на затворање филијали го следат и другите големи банки во САД како што се Џеј пи Морган Чејс (JPMorgan Chase) која затвори 9 % од своите банкарски филијали, како и Бенк оф Америка (Bank of America) која затвори 15 % од своите филијали. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top