Е-Б-Ф-Б
МЕКДОНАЛДС ГО ПРОДАДЕ БИЗНИСОТ ВО КИНА И ВО ХОНГКОНГ

блиц свет

2,1  милијарда долари вреди договорот со кој кинеската Државна инвестициска група Ситик (Citic) и Американскиот приватен инвестициски фонд Карлајл груп (Carlyle Group) ќе преземат 80 % од бизнисот на американскиот синџир ресторани за брза храна Мекдоналдс (McDonald’s) во Кина и во Хонгконг. Мекдоналдс директно поседува и управува со околу 65 % од своите 2 000 објекти во Кина, но франшизата му овозможува на синџирот да прибира дел од приходите од продажба и во рестораните кои не се во негова сопственост и не ги стопанисува. Синџирот за брза храна се обидува да ги насочи своите глобални операции во таа насока, а промената на сопственичката структура е суштински дел од оваа реконструкција. Во март минатата година компанијата објави дека бара партнери кои ќе помогнат за отворање на уште 1 500 ресторани во Кина, во Хонгконг и во Јужна Кореја во следниве пет години. Според договорот, американскиот синџир за брза храна ќе задржи 20-процентен удел во кинескиот бизнис, државната Ситик (Citic) ќе поседува 52 % од него, додека Карлајл (Caryle) ќе добие 28 %. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top