Е-Б-Ф-Б
И ПОКРАЈ ПРОТЕСТИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОКТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ГО СНАБДУВА ПАЗАРОТ СО ГОРИВО - Изјава на Јанис Геруланос, генерален директор на ОКТА


Политиката на Хеленик Петролеум е да осигура непрекинато снабдување со гориво во секоја земја каде компанијата работи. Исто така и во Република Македонија, преку компанијата ОКТА, го разгледуваме секое релевантно прашање со голема одговорност и чувствителност. 

Од самото основање на ОКТА, компанијата гарантира и спроведува планови со цел да се осигура непречена работа на пазарот на горива. И токму тоа го прави и сега. И покрај проблемите кои се појавија поради протестите на грчките земјоделци, ОКТА подготви план за соодветно снабдување на земјата. 
 
Ги информираме нашите потрошувачи дека, и покрај зголемените трошоци, ќе продолжиме да го снабдуваме пазарот на гориво, користејќи ги сите можни алтернативни начини. 
 
Исто така би сакале да забележиме дека веднаш штом добиеме дозвола, подготвени сме да продолжиме да увезуваме гориво преку нафтоводот кој ги поврзува капацитетите во Скопје со рафинеријата во Солун, проект кој дава дефинитивно решение за непречено снабдување на земјата со течни горива.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top