Е-Б-Ф-Б
Лидија Георгиева: КОЈ МОЖЕШЕ ДА ПРЕТПОСТАВИ ДЕКА ВО ВРЕМЕТО НА ГЛОБАЛНАТА ФИНАНСИСКА КРИЗА ВО 2008 ГОДИНА НАЈДОБРО ЌЕ ИМ ОДИ НА НАЈСКАПИТЕ УМЕТНИЦИ И ГАЛЕРИИ?!?

дизајнер, вонреден професор

Просперитетот на дизајнерите, без разлика дали се работи за мала структура или за голема компанија, тесно е поврзан со состојбата во економијата. Брендовите проектираат стратегија за развој, но никогаш во целост не можат да ги предвидат нарушувањата во главните тенденции на пазарот, а тоа сепак не е занемарлив фактор во осцилациите на куповната моќ и на однесувањето на клиентите. Кој можеше да претпостави дека во времето на Глобалната финансиска криза во 2008 година најдобро ќе им оди на најскапите уметници и галерии?!? Мојата генерација дизајнери во Париз помина низ неколку економски кризи така што научивме секогаш да се надеваме на најдобра можна година и огромна количина на љубов и работа вложена во дизајнот. Одлично би било доколку во 2017 година македонската економија дише во атмосфера растоварена од политичка криза.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top