Е-Б-Ф-Б
УСАИД ЍМ ПОМОГНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДНИ КОМПАНИИ ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ КОНКУРЕНТНОСТА ПРЕКУ НАМАЛУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЕНЕРГИЈА


 

 

Денес, 20 декември 2016 година, Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД)  го означи успешното завршување на својот четиригодишен Проект за индустриски менаџмент (ПИМ).

Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн, истакна: „Скоро 25 години УСАИД соработува со македонските организации за унапредување на одржлив социо-економски развој. Стимулирајќи го развојот, создавaјќи нови вработувања и служејќи како движечка сила за привлекување на инвестиции, енергетскиот сектор се докажа како клучен сектор за јакнење на економскиот раст“. „Неефикасното користење на енергијата во македонската индустрија значително влијае на конкурентноста на индустриските производи на домашните и регионални пазари“. „Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент ја анализираше потрошувачката на енергија и направи план за нејзино унапредување во индустриските компании во земјата.  Врз основа на тоа обезбеди заедничко учество во трошоците за инсталирање на системи за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија во повеќе пилот компании“. „Се надеваме дека овие позитивни резултати ќе бидат поттик за поширока употреба на системите за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија, како и за имплементација на проекти за подобрување на енергетската ефикасност во индустрискиот сектор. Ја охрабруваме Владата на Република Македонија да ги поддржи ваквите инвестиции“.

Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент во земјава имплементираше активности за поддршка на инвестиции во решенија за управување со потрошувачката на енергијата во приватни компании. Eфикасното користење на системите за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија во индустрискиот сектор допринесува за намалување на изложеноста на големи варијации на цените на енергијата на национално ниво, како и за енергетската сигурност на земјата, преку намалување на зависноста од увоз на енергија.

Проектот за индустриски менаџмент им помогна на производните компаниите во подготовка на финансиски атрактивни проекти за енергетска ефикасност; го зајакна капацитетот на домашните инженеринг компании за развој, проектирање, инсталирање и одржување на системи за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија и организираше работилници за индустриските компании за потребата и користа од воведување на меѓународниот стандард за управување со енергија ИСО 50001:2011, како и за најдобрите практики за енергетска ефикасност.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top