Е-Б-Ф-Б
СЕ ОТСТРАНУВААТ ПРЕЧКИТЕ НА ТРАСАТА НА ТУРСКИ ПОТОК

блиц свет

 

 

Закон за ратификација на договорот со Русија за проектот за изградба на гасоводот Турски поток беше усвоен минатиот месец во Парламентот на Турција, со што се откочи можноста за изградба на овој проект. Договор за реализација на Туски поток беше потпишан на почетокот на октомври во Истанбул и според документот по дното на Црното Море ќе бидат изградени две линии на магистралниот гасовод со моќност за проток од 15.75 милијарди метри кубни гас годишно. Првата цевка ќе испорачува природен гас за турскиот пазар, а втората е транзитна и ќе го напојува европскиот пазар. Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров при посетата на Атина најави дека Русија ќе ја продолжи втората линија од гасоводот Турски поток од Турција кон ЕУ само ако за тоа добие дозвола од Брисел. Сепак, како што јавуваат руските медиуми, на средбите со премиерот Ципрас, Лавров разговарал за можноста за заобиколување на санкциите на Брисел преку формирање заедничка компанија за транспорт на гасот низ Грција. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top