Е-Б-Ф-Б
ЕВН МАКЕДОНИЈА ПРВОНАГРАДЕНА ЗА ПРОЕКТОТ ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЧИТАЧКИТЕ НАВИКИ

блиц Македонија

 

 

Проектот за поттикнување на читачките навики на ЕВН Македонија ја доби првата награда за општествено најодговорна практика за 2015 година во категоријата вложување во заедницата. Проектот започна со реализација во декември 2014 година и се реализираше во текот на целата 2015 година. Идејата се роди од потребата за промоција на новата услуга на ЕВН – електронска фактура. Заштедата на хартија која корисниците ја остваруваа со пријавувањето за електронска наместо печатена фактура за електрична енергија ЕВН ја преточи во три збирки раскази, од вкупно 14 домашни автори кои дотогаш немале прилика да ги објават своите дела, со тираж од над 3 000 примероци. Натаму, отворени беа 3 модерни читалници во Скопје, во Битола и во Струга во кои се реализираа работилници за поттикнување на читачките навики и креативноста кај децата преку интерактивни и современи методи. Резултатите од проектот се позитивни, а како трајна вредност остануваат издадените книги, но и читалниците за користење на локалните заедници во Скопје, во Битола и во Струга.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top