Интервјуа
ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА Е ОГРОМЕН

Вера Ставроф
Заменик претседател на Одборот на директори на Македонија2025

 

Таа ќе ве плени со својата енергија и ентузијазам. Комуникативна, директна, со искрена желба да ѝ помогне на Македонија. Родена во Битола, со нескриени емоции зборува за своите спомени од родната земја. Професионално, фокусирана на органското производство кадешто гледа голем потенцијал за раст во иднина. Генерален директор на ХрбалСајнс (HerbalScience) и на АлкалоидУСА. Интервјуто го направивме при нејзината неодамнешна посета на Македонија.

 

Вие сте Заменик-претседател на Одборот на директори на Македонија2025. Што ве привлече да се приклучите на оваа организација?

В. Ставроф: Организацијата ја сочинуваат исклучителни луѓе и таа има благородна цел - да ѝ се помогне на Македонија да стане подобра држава и посилна нација. Сакам да дадам свој придонес кон таа цел и ги повикувам сите во Македонија и во странство да размислуваат за конструктивни начини на кои би можеле да ѝ дадат поддршка на земјата.

Како ги оценувате напорите што се направени од страна на Македонија2025 досега? Годишните самити на оваа организација станаа интелектуално многу возбудливи настани.

В. Ставроф: Македонија2025 се разви во една кредибилна организација чии мислења и оценки се земени во предвид од страна на релевантни институции, компании и поединци. Само оваа година, нашите активности резултираа со отворен форум посветен на инвеститори од дијаспората, каде што беа вклучени високи претставници од владите. Инвеститорите се осврна на предизвиците кои треба да ги реши Владата доколку Македонија сака да ги привлече и да ги задржи идните инвеститори, кои се по потекло од земјата. Поентата е дека ние работиме на еден професионален, конструктивен начин, што е норма во развиените земји, така што Владата и нејзините релевантни институции добиваат значаен инпут за тоа каде треба да го насочат своето внимание и да променат одредени процеси. Пред неколку месеци, организиравме бизнис форум во Виена, каде што претставивме успешни бизнис приказни и инвестиции пред присутните, а луѓето кои Македонија на некој начин ги поврзува, се запознаа едни со други. Инвеститорите формираат слика и мислење за одредено место врз основа на впечатоците што ги добиваат од луѓето од тоа место, со кои се среќаваат. Во таа смисла, ние во повеќе наврати претставивме многу реална слика за бизнисот во Македонија, како резултат на што претприемачи дојдоа тука и започнаа бизнис или пак ја посетија земјата, уживаа во она што таа има да го понуди, и им кажуваа на нивните пријатели дома.

Пред една година, се одржа гала вечера во Колумбус, Охајо, настан за прибирање финансиски средства што имаше за цел да собере средства за обезбедување образование во странство за исклучително добри студенти од Македонија. Вие бевте одговорна за организирање на овој настан. Поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш, исто така присуствуваше на настанот. Како помина самиот настан и што се случи потоа во однос на прибирањето финансиски средства?

В. Ставроф: Настанот беше спектакуларен. Присуствуваа повеќе од 400 луѓе, многу од нив втора или трета генерација Македонци, професионалци и млади луѓе. Оставивме траен впечаток на сите, вклучително и поранешниот американски претседател Џорџ Буш. Претставници на голем број компании и фондации дадоа своја поддршка на образовниот фонд на Македонија2025. Благодарение на гала настанот, можеме да продолжиме со нашите образовни програми, како што е проектот Лидер - студиска тура за извршни директори, која што повторно се одржа оваа година во Торонто. Ние ја прошируваме нашата програма со вклучување на студиски посети на универзитети и набљудување на работењето на компании во САД или Канада за бизнисмени од Македонија. Целта на Македонија2025 е да пренесе северноамериканско бизнис искуство за луѓето од земјата, така што тие можат да се вратат дома со нов поглед на работите и дополнително да ги едуцираат вработените во нивната компанија.

Генерално, како го оценувате потенцијалот на дијаспората во стимулирањето на растот на македонската економија? Зацврстување на врските помеѓу успешните Македонци во странство и оние во земјата, споделување на лекциите за успех, отворање на светот за младите генерации ... Се чини дека има бескрајни можности.

В. Ставроф: Навистина, можностите се бескрајни. Македонија не е економија заснована на извоз на растителни култури, но има добро ниво на разновидност што овозможува експанзија и развој на повеќе сектори. Една од поентите извлечени од Форумот на инвеститори од дијаспората е дека луѓето од дијаспората се во предност, бидејќи знаат што сакаат да направат со нивниот бизнис, ја познаваат земјата, го зборуваат јазикот, односно јазиците, имаат државјанство, можеби поседуваат недвижен имот таму, веќе познаваат луѓе, што може да им помогне да изградат мрежа на професионалци и вработени, и така натаму. Македонците од дијаспората, најверојатно, ќе имаат пошироко разбирање за тоа дека политиката е политика и дека секоја земја има свои предизвици и кризи, што им овозможува да бидат ослободени од багажот специфичен за локалното окружување и негативните ефекти од неконструктивната социјална динамика. Најважно за нас е да им помогнеме на луѓето да се вратат и да започнат бизнис и да придонесат за социјалниот живот во земјата, со други зборови, да го направат животот побогат со тоа што се тука, да посетуваат бањи во Македонија, да јадат во ресторани, да одат во еко село за време на викендите, и да споделуваат добри идеи со други луѓе. Луѓето се вратија за да започнат бизнис, а ние се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и ќе резултира во поширока заедница на претприемачи и професионалци.

Родена сте во Битола и заминавте од Македонија во 1970 година за да се преселите во САД. Какви беа вашите почетоци таму?

В. Ставроф: Имав прекрасно, многу среќно детство во Битола. Уживав во тоа да ги поминувам летата со моите баба и дедо во село Горно Српци (во близина на Битола). Имавме сè што ни беше потребно ... моите баба и дедо имаа свое земјиште и животни и ме научија да имам многу почит и благодарност за сето она што го имавме.

ЦЕЛТА НА МАКЕДОНИЈА2025 Е ДА ПРЕНЕСЕ СЕВЕРНОАМЕРИКАНСКО БИЗНИС ИСКУСТВО ЗА ЛУЃЕТО ОД ЗЕМЈАТА, ТАКА ШТО ТИЕ МОЖАТ ДА СЕ ВРАТАТ ДОМА СО НОВ ПОГЛЕД НА РАБОТИТЕ И ДОПОЛНИТЕЛНО ДА ГИ ЕДУЦИРААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО НИВНАТА КОМПАНИЈА

Имате многу успешна кариера. Во моментов сте претседател и извршен директор на ХрбалСајнс (HerbalScience) и на АлкалоидУСА, и ко-основач на ГринБјути (GreenBeauty). Фокусирани сте на органски производи. Какви се глобалните трендови во однос на органските производи?

В. Ставроф: Во последните неколку години постои тренд на голема побарувачка за органски производи. Потрошувачите се сега во потрага по поздрава алтернатива на многу производи. Многу од нив преминаа од производи како што се газирани безалкохолни пијалаци на поздрави опции, како што е чајот. Другите трендови во рамките на индустријата на органски производи вклучуваат производи кои не се ГМО, безглутенски и нискокалорични производи, одржливи извори, и купување на локални производи.

Се чини дека нагорниот тренд на пазарот на органски производи ќе продолжи во иднина. Нешто се смени во перцепцијата на луѓето во однос на квалитетот на животот. Во економијата, таквите промени се нарекуваат „перманентен шок“. Како ја објаснувате оваа растечка побарувачка за органски производи?

В. Ставроф: Зголемената побарувачка за органски производи главно е резултат на зголемувањето на свеста за сопственото здравје. Луѓето сега се повеќе загрижени за нивното здравје и квалитетот на производите што ги внесуваат. Зголемениот интерес за одржливоста, заштитата на животната средина, заштитата на животните, како и транспарентноста на производот, исто така придонесоа за силен раст на органската индустрија.

МОЈОТ ОДНОС СО АЛКАЛОИД Е ДОКАЗ ДЕКА ЕДНА МАКЕДОНСКА КОМПАНИЈА СО СООДВЕТЕН СТРАНСКИ ПАРТНЕР МОЖЕ УСПЕШНО ДА СЕ НАТПРЕВАРУВА НА ГЛОБАЛНИОТ ПАЗАР

оквалитетно органско производство? Што мислите за потенцијалот за зголемување на органското производство во Македонија? За кои производи, особено?

В. Ставроф: Македонија ги има сите елементи кои се неопходни за висок квалитет на органското производство ... таа е благословена со плодна почва, изобилство од вода и сонце. Потенцијалот за зголемување на органското производство во Македонија е огромен ... првенствено на овошје, зеленчук, јаткасти плодови, вредни медицински растенија, ароматични билки и растенија за дестилација на етерични масла, и велнес бањи.

Вие имате два американски и меѓународни патенти. За што станува збор?

В. Ставроф: Мојот прв патент е патент на процесот на топлинска стерилизација на формула за бебиња, а вториот патент се однесува на комбинацијата на етерични масла и морска сол за производи за ексфолијација, за лична нега.

Кои се вашите спомени на Битола, каде што сте родена? Дали понекогаш успевате да ја посетите?

В. Ставроф: Моите најмили сеќавања на Битола се нејзината беспрекорна природна убавина и нејзината славна историја и култура. Живо се сеќавам на прекрасниот мирис на цветот на липите во лето, Безистенот (покриениот пазар), корзото, и, се разбира, Пелистер, импозантната планина која ни ја дава највкусната вода ... Пелистерка. Многу го сакам градот и се обидувам да го посетувам секогаш кога можам.

Ви благодарам многу за интервјуто.

Зоран Јовановски

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top