Е-Б-Ф-Б
ФИЧ ЈА НАМАЛИ ПЕРСПЕКТИВАТА НА РЕЈТИНГОТ НА ИТАЛИЈА

блиц свет

Агенцијата Фич го намали изгледот на кредитниот рејтинг на Италија поради, како што наведуваат во Агенцијата, недоволниот раст, високиот долг, како и нестабилната политичка состојба предизвикана од исходот на планираниот референдум. Економија и бизнис минатиот број пишуваше за оваа политичка авантура на Италија и за несигурноста која референдумот ја креира во италијанското општество, но веќе стигнуваат и предупредувањата на рејтинг агенциите. Италијанскиот референдум во ноември може да потегне серија политички процеси кои би резултирале со пад на премиерот Матео Ренци и зајакнување на популистичката политичка опција предводена од „Движењето пет ѕвезди“ кои се залагаат за напуштање на Европската монетарна унија (ЕМУ) и враќање на лирата. Како што наведуваат од Агенцијата, дури и евентуалниот успех на референдумот не претставува цврста гаранција дека евроскептичните политички сили нема да ја наметнат својата политика. Агенцијата го задржа кретидниот рејтинг БББ+, но поради високата доверба на евроскептичната опција проценката за ризикот од намалување на рејтингот во блиска иднина го смета за голем. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top