Е-Б-Ф-Б
СЕ ФОРМИРА НАЈГОЛЕМАТА ТУТУНСКА КОМПАНИЈА ВО СВЕТОТ


Бритиш Американ тобако ((БАТ), (British American Tobacco)) понуди за купување на американската тутунска компанија Рејнолдс Американ (Reynolds American) 47 милијарди долари. Доколку понудата се реализира, со спојувањето би настанала најголемата тутунска компанија во светот. БАТ веќе поседува 42 отсто од акциите во Рејнолдс Американ, а за преземање на остатокот на компанијата нуди 56,50 долари за акција, што претпоставува вкупно 47 милијарди долари за преостанатите 57,8 отсто од сопственичкиот удел во Рејнолдс. Како што објави БАТ, во понудата од 47 милијарди долари, приближно 20 милијарди долари се во готовина, а 27 милијарди во свои акции. Доколку договорот се реализира, тоа би значело дека БАТ, по 12-годишна пауза, се враќа на американските пазари. Бритиш Американ тобако  е една од најголемите мултинационални тутунски компании со повеќе од 200 сопствени брендови, а вработува повеќе од 50 000 луѓе и продава 663 милијарди цигари што ги произведува во 44 фабрики во светот. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top