Интервјуа
СЕКОЈ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ЌЕ ИМА КОГНИТИВЕН АСИСТЕНТ ЗАСНОВАН НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Гурудут Банавар
Потпретседател на ИБМ (IBM), САД

Гурудут Банавар е потпретседател на технолошкиот гигант ИБМ (IBM) од САД, одговорен за истражувачките активности во рамките на корпорацијата. Тој е главниот научник (Chief Science Officer) и го предводи тимот што работи на проблематиката на вештачката интелигенција, вклучително и светски познатата машина Вотсон (Watson). Разговорот со Гурудут е инспиративен, ве носи во иднината, во светот на вештачката интелигенција, разговаравме како ќе изгледа животот на луѓето за десет години од аспект на користењето на технологијата. Неговата визија е навистина фасцинантна. Тој ќе дојде во Скопје во октомври годинава и ќе биде еден од говорниците на самитот организиран од Македонија2025.

 

Г. Банавар, Вие работите за IBM како лидер на глобалниот тим научници кои се одговорни за Watson – еден од светски познатите системи за вештачка интелигенција (AI). Работите на когнитивни системи. Ова не е област со која се запознаени повеќето луѓе. Па така, да започнеме со некои првични појаснувања. Како ги дефинирате вештачката интелигенција и когнитивното пресметување, која е разликата помеѓу двете?

Г. Банавар: Историски гледано, системите за вештачка интелигенција се обидуваа да ја реплицираат човековата интелигенција во рамките на машините. Когнитивните системи, од друга страна, ја зголемуваат човековата интелигенција – тие создаваат партнерство помеѓу машините и луѓето кое постигнува многу повеќе од тоа што секој од нив поединечно може да го постигне. Изградивме практични когнитивни системи во многу индустрии како што се здравството, финансиските услуги и образованието, при што наша цел е секој да има когнитивен систем кој ќе мупомогне да живее поисполнет и попродуктивен живот. На крајот, когнитивните системи користат технологии од повеќе полиња како што се вештачка интелигенција и машинско учење, наука за мозокот, интеракција помеѓу човекот и компјутерот и компјутерски системи со високи перформанси.

Минатата година зборувавте на Дијалогот за Нобеловата недела во Шведска, посветен на иднината на вештачката интелигенција. Го поставивте прашањето „Која е цената на незнаењето“. Кој е вашиот одговор на тоа прашање?

Г. Банавар: Светот денес е преплавен со податоци од секаде – од здравствени евиденции, геномика, социјални медиуми, автомобили, сензори, дури и научни статии во различни списанија. Всушност, додаваме повеќе ексабајти податоци на ден, и 90% од податоците кои се достапни денес, беа создадени во изминатите 2 години. Ниесме толку преплавени од овие податоци и не сме во можност да гoнајдеме потребното разбирање за да ги решиме важните проблеми. На пример, не знаеме зошто некој пациент е болен, или како да ги едуцираме нашите деца, или како да ја подобриме животната средина. Плаќаме многу висока цена што не ги знаеме одговорите на овие прашања. Веруваме дека когнитивните системи може да ги најдат одговорите.

Што е всушност Watson на IBM? Што е неговата задача?

Г. Банавар: Watson на IBM е моќна машина која е првично изградена во 2011 година за играње на квиз играта Jeopardy (Опасност)! Во телевизиска емисија во живо, машината играше со два светски шампиони и победи. Ова не беше направено никогаш порано и претставуваше главен историски настан во компјутерските системи. После тој пријателскинатпревар, Watson беше разложен на повеќе услуги засновани на „облак“, кои се одново разложени на различни начини за да се изгради фамилија на когнитивни системи во многу индустрии како што се здравствена заштита, финансиски услуги, трговија и образование. Така, сега постојат стотици апликации на Watson и нашата цел е секој професионалец да има личен Watson кој ќе му помогне да ја вршат својата работа.

МИСЛАМ ДЕКА НАЈУСПЕШНИТЕ ЛУЃЕ ЌЕ РАЗВИЈАТ ПРОФИЛ СО „Т-ФОРМА“, КАДЕ ШТО ТИЕ ИМААТ ГОЛЕМА ЕКСПЕРТИЗА ЗА НАЈМАЛКУ ЕДНА ОБЛАСТ (ВЕРТИКАЛНАТА ЛИНИЈА ОД Т-ТО) И ГОЛЕМО РАЗБИРАЊЕ НА МНОГУ ПРИМЕНИ НА НИВНАТА ЕКСПЕРТИЗА (ХОРИЗОНТАЛНАТА ЛИНИЈА НА Т-ТО)

Исто така бевте лидер на иницијативата SmarterCities (Попаметни градови). Каква иницијатива е тоа? Кој е дофатот на оваа иницијатива, кои градови би можеле да бидат вклучени?

Г. Банавар: Во иницијативата SmarterCities (Попаметни градови) на IBM, им помагаме на градовите да станат одржливи ипопријатни за живеење со користење на многуподатоци, аналитика и голем број уреди кои се базираат на сензор. Градовите се систем од различни под-системи како што се транспорт, јавна безбедност, здравствена заштита, итн., и секој од овие под-системи може да се подобри преку употреба на податоци и дигитални апликации. Вклучени се стотици градови ширум светот, големи и мали, од сите типови. Лично имам помогнато на десетици градови ширум светот да станат подобри градови со користење на апликации за големи податоци.

Бевте активно вклучени во проектот за оваа иницијатива и воведувањето на системот со најновите достигнувања во градот Рио де Жанеиро во Бразил. Кој беше исходот од операциите во Рио?

Г. Банавар: Изградивме нов градски оперативен центар во Рио, кој градот го користи за управување со своите дневни операции низ повеќе од 30 оддели како што се транспорт, енергија и јавна безбедност. Оперативниот центар е одговорен за целата координација преку оддели, но особено кога има вонредни настани, како што се ненадејни поплави или кога има големи настани како карневалот во Рио.

Лично, имате извршено многу значајни истражувања и имате објавено голем број на академски трудови. Што сметате дека се вашите клучни наоди?

Г. Банавар: Имам објавувано и патентирано во цела една низа на помали полиња во рамките на компјутерските системи. Еден од моите најнови патенти е за тоа како модерните поврзани автомобили да се заштитат од хакерски напади. Моите последни трудови се однесуваат на иднината на системите за вештачка интелигенција, за голем број истражувачки и апликациски области и „Тјуринг тестови“ кои ги тестираат системите за вештачка интелигенција низ многу димензии. Имам други патенти и трудови во работа со соработка поддржана од компјутер, дистрибуирани системи, аналитика на големи податоци применета на попаметни градови.

Човештвото влезе во оваа фасцинантна ера на многу брз и возбудлив технолошки напредок. Очигледно, тој нема граници. Во оваа смисла, како го замислувате животот на обичните луѓе за 10 години?

Г. Банавар: Една од моите визии е дека секој професионалец во секое поле – односно милијарди луѓе кои вршат професии во медицината, правото, инженерството и илјадници полиња – ќе имаат когнитивни асистенти засновани на вештачка интелигенција кои ќе им помагаат во нивните работи на дневнаоснова. Вашиот когнитивен асистент ќе ги разбира вашите цели и преференции, ќе внесува многу податоци и знаење во вашата професионална област и ќе ви обезбеди опции и водство за главните одлуки кои ги носите како професионалец. Во таквата иднина, луѓето ќе бидат многу поефективни и креативни во нивните професионални животи, и „експертиза“ ќе значи нешто сосема различно – ќе се однесува на тоа како ја комбинирате човековата генијалност со интелигенцијата на машините.

Како сите овие настани со напредокот на вештачката интелигенција ќе влијаат на пазарот на трудот? Како младите луѓе, оние во средно училиште, на пример, треба да размислуваат за изборот на нивната професија во иднина?

Г. Банавар: Младите луѓе прво треба да се навикнат во секој аспект од нивните животида користат машини за учење и резонирање кои се базираат на вештачка интелигенција. Механичките работи ќе станат поретки и работите кои ја нагласуваат креативноста и експериментирањето ќе бидат вреднувани повеќе. Исто така мислам дека најуспешните луѓе ќе развијат профил со „т-форма“, каде што тие имаат голема експертиза за најмалку една област (вертикалната линија од Т-то) и големо разбирање на многу примени на нивната експертиза (хоризонталната линија на Т-то).

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НЕ Е БЕЗ РИЗИЦИ. НО, ВЕРУВАМЕ ДЕКА СО РИЗИЦИТЕ МОЖЕ ДА СЕ УПРАВУВА. МНОГУ ПОГОЛЕМ РИЗИК БИ БИЛО ДА СЕ ЗАПУШТИ РАЗВОЈОТ НА ТЕХНОЛОГИЈА ШТО ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ ЗНАЧИТЕЛНО ДА ГО ПОДОБРИ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВЕЕЊЕ ШИРУМ СВЕТОТ

На крајот, колку може да бидеме сигурни дека машините (компјутери, роботи...) ќе ги почитуваат трите правила на Исак Асимов, легендарниот писател на научна фантастика? Стивен Хокинг вели дека треба да бидеме внимателни.

Г. Банавар: Мојот најнов извештај се однесува токму на оваа тема за учењето да им се верува на сите системи за вештачка интелигенција http://www.research.ibm.com/software/IBMResearch/multimedia/AIEthics_Whitepaper.pdf. Какошто велам во овој труд, вештачката интелигенција не е без ризици. Но, веруваме дека со ризиците може да се управува. Многу поголем ризик би било да се запушти развојот на технологија што има потенцијал значително да го подобри квалитетот на живеење ширум светот.

Ќе бидете воведничар на Економскиот самит, организиран од Македонија 2025, кој ќе се одржи во Скопје во втората половина од октомври оваа година. Што учесниците во публиката треба да очекуваат да слушнат од Вас на овој многу посебен настан во Македонија?

Г. Банавар: Чест ми е да зборувам на овој настан во Скопје во октомври. Во оваа прилика ќе зборувам за тоа како трансформативната моќ на технологијата ја има променето секоја индустрија и заедница во светот, и ќе зборувам за иднината каде што технологијата ќе ни помогне да ги решиме најголемите проблеми во светот, вклучително проблемите околу исхраната, здравјето и животната средина.

Овој Економски самит не е вашата единствена врска со Македонија. Вашата сопруга исто така потекнува од нашата земја. Колку добро ја познавате Македонија?

Г. Банавар: Мојата сопруга Невенка секако е мојата прва и најважна врска со Македонија, но со текот на годините прилично добро се запознав со Македонија и со балканскиот регион. Поминуваме значително време овде со нашите деца Амити и Ливиа и секогаш сум среќен што уживам во друштвото на топлите и љубезни луѓе од Македонија. Оригинално потекнувам од Индија која е голема и различна, фасциниран сум од контрастите со Македонија, но исто така гледам одличен потенцијал за тоа што може Македонија да биде и да стори во овој регион.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top