Општество
ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА И ДРЕКСЛМАЈЕР ОРГАНИЗИРААТ КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ


 

 


Во среда, на 7 септември во 11:00 часот, Германската Амбасада во Скопје во соработка со германската фирма Дрекслмајер, организира конференција на тема: „Дуалното образование во Дрекслмајер-Македонија“. Конференцијата ќе ја отвори Амбасадорката на Сојузна Република Германија, д-р Кристине Д. Алтхаузер. На конференцијата ќе земат учество експерти за образование од компанијата, кои ќе го презентираат образовниот дуален модел на теорија и пракса, кој претставува столб на успешната германска економија. Компанијата Дрекслмајер веќе две години соработува со Средното стручно училиште „Киро Спанџов-Брко“во Кавадарци, при што паралелно со теоретска настава, 20 ученици ќе посетуваат и практична настава по индустриска мехатроника, во специјално опремената работилница во фабриката, со можност секоја наредна учебна година да се вклучат нови 20 ученици. Од страна на германски експерти досега се обучени и четворица професори од средното училиште. На конференцијата ќе земат учество претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за економија, од сите македонски стопански и занаетчиски комори, општина Кавадарци и општина Велес, Бирото за развој на образование, Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасни, како и претставници од германски и домашни македонски компании, кои ја согледуваат потребата од нивно директно вклучување во образовниот процес на стручни кадри. Конференцијата ќе се одржи во конференциската сала на ресторанот „Воденица-Мулино“

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top