Е-Б-Ф-Б
ИРАН ГИ ОБНОВУВА ИСПОРАКИТЕ НА НАФТА НА ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ

Мирослав Саздовски

 

 


Иран потпиша договори за испорака на нафта со компании од Италија, од Шпанија и од Грција, изјави шефот на Меѓународниот оддел на Иранската национална нафтена компанија „Мосен Гамсари“. Договори се склучени со италијанските компании „Сарас“ и „Иплом“, шпанската „Репсол“ и со грчката „Хеленик петролеум“. Тој истакна дека продолжуваат преговорите со други компании како „Шел“, „Витол“, „Мол“ и „Ени“. „Успеавме брзо да вратиме значителен дел од претходните пазари во Европа и во Азија. Брзината со која Иран ги обнови позициите на пазарот е задоволителна и многумина аналитичари се изненадени. Европскиот пазар позитивно ја прифати иранската нафта и моментно, според првичните податоци, во Европа секојдневно се испорачуваат од 600 000 до 700 000 барели нафта од Иран.“, истакна Гамсари. Во моментов производствените погони на Иран произведуваат преку два милиони барели нафта на ден, што претставува остварување на капацитетот од пред воведувањето на санкциите. За време на санкциите Иран изгуби повеќе од половина од пазарот, а дневното производство се движеше околу еден милион барели на ден. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top