Е-Б-Ф-Б
ММФ ЌЕ ЈА ЗАДРЖИ КАНЦЕЛАРИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА, НО БЕЗ РЕЗИДЕНТЕН ПРЕТСТАВНИК


 


Со години наназад Меѓународниот монетарен фонд има своја канцеларија и резидентен претставник во Република Македонија. Оваа канцеларија не беше затворена ниту пред неколку години, кога ММФ затвори редица канцеларии во други земји.

Но, според писмената изјава на Патрик Житон, досегашниот резидентен претставник на ММФ во Република Македонија, со завршувањето на неговиот мандат, од втората половина на 2016 година ММФ веќе нема да има резидентен претставник во Република Македонија.

Сепак, тоа не значи дека ќе биде затворена и канцеларијата. Според Житон, таа останува да работи за да се обезбеди силно присуство и комуникациски проток помеѓу ММФ и земјата. При носењето на одлуката, ММФ зел предвид дека во отсуство на аранжман на ММФ со Република Македонија не е толку неопходно да има повисоко ниво на претставеност во земјата.

Во однос на иднината, продолжува извршувањето на основните мисии на ММФ за следење на макроекономските случувања и политики, како и давањето на техничка помош. Житон посочува дека тимови со претставници на ММФ ќе продолжат со редовни посети на Скопје за дискусии со властите и претставниците на граѓанскиот сектор.

Редовниот мандат на Патрик Житон истекува кон средината на август 2016 година. Функцијата резидентен претставник на ММФ во Република Македонија тој ја извршуваше во период од три години. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top