Е-Б-Ф-Б
СО РАСТ ОД 7,6 %, ЕКОНОМИЈАТА НА ИНДИЈА РАСТЕ НАЈБРЗО НА СВЕТ


 


Изминативе 12 месеци, индиската економија пораснала за 7,6 %, раст кој за 0,4 процентни поени е поголем од растот остварен една година порано. Растот во првиот квартал оваа година ги надминува очекувањата и проекциите кои беа целени на 7,2 % и изнесува 7,9 %. Според последните статистички извештаи, секторите кои имаат најголем придонес во растот на вкупната индиска економија се: финансискиот сектор, недвижностите и професионалните услуги со раст од 10,3 %; потоа следува преработувачката индустрија со 9,3 %;  трговијата, транспортот, туризмот и комуникациите со 9 %; како и екстракцијата и рударството со 7,4 %. „По забавувањето на растот на кинеската економија, на светот му беше потребна алтернативно рамо на кое би се потпрел светскиот раст“ – изјави министерот за финансии на Индија Арун Џаитли коментирајќи ги најновите податоци. Според него, со реализација на планираните идни инфраструктурни трошења на државата, се очекува Индија да го задржи и зголеми растот и да претставува поттик за светскиот економски раст. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top