Е-Б-Ф-Б
СРБИЈА ПОЧНУВА ДА ГО СКЛОПУВА АВТОМОБИЛОТ НА СТРУЈА – АКСИОС


 


Во околината на Белград наскоро се очекува да почне склопување на првиот автомобил на струја – аксиос. Малото градско возило се очекува да излезе на пазарот во септември и да се продава по цена од само 10 илјади евра. Со него ќе може да се помине и до 140 километри со едно полнење, а максималната брзина која ќе може овој автомобил да ја остигне е 60 километри на час. Целосното полнење на батериите трае 8 часа на обичен домашен штекер од 220 волти, додека за само два часа батериите ќе можат да се наполнат до 60 % капацитет. Компанијата „Еко Србија“ веќе ја има договорено првата нарачка со кинеските партнери, кои се очекува да ги испорачаат деловите за првите 12 автомобили. Според директорот на „Еко Србија“ Драган Шкрњиќ компанијата веќе е во преговори со домашни компании кои би требало да го преземат производството на електромоторот и на каросеријата со што поголемиот дел од автомобилот би се произведувал во Србија. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top