Е-Б-Ф-Б
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ТРАНЗИЦИЈА НА СЕМЕЈНИТЕ БИЗНИСИ


 


На 29ти јуни во организација на Клиар Вју Бизнис Тренинг Центар, втора година по ред ќе се оддржи Конференција  за предизвиците на транзиција на семејните бизниси

Импресиите од минатогодишната конференција се одлични. Конференцијата беше посетена од 120 слушатели, поголемиот дел од нив сопственици и наследници на мали и средни семејни бизниси кои имаа можност да ги слушнат искуствата на деветте панелисти, истакнати бизнисмени на македонски компании, кои го поминале процесот на транзиција на наследството или се обидуваат да го направат во иднина тоа што побезболно.

Оваа година ќе се обработат нови три теми:

  1. Какво е влијанието на основачот на културата на компанијата
  2. Какви знаења и вештини треба да поседуваат наследниците пред да го преземат управувањето на компанијата?
  3. Како дo свеж капитал во семејни компании?

Првите две теми се тесно поврзани. Основачот на компанијата треба да е свесен за своето влијание на културата на компанијата, зашто таа пак, влијае на стратегијата на компанијата, на планирањето на наследувањето, напартиципирањето во тимското донесување на одлуки итн.

Она што е особено интересно е тоа што лидерскиот стил на основачот се одразува дури и на втората и третата генерација на наследници. Од особена важност е основачот да креира култура на взаемна доверба и почит помеѓу вработените и членовите на семејството, во која нема  да се чувствува отпор на основачот кон идеите на младите поколенија, со изговор дека неговото познавање ја донела компанијата на таа позиција каде што е сега. Напротив, во компанијата треба да постои култура која ќе ги инспирира и поттикнува наследниците да ги унапредат своето знаење и вештини за подобро управување на компанијата.

Наследниците заедно со основачот треба да изготват план за наследување, во кој меѓудругото ќе се направи и евалуација  на знаењата,  способностите и кариерата на членовите  на семејството и оние кои не се членови на семејството, па оттаму ќе се утврдат и следните чекори потребни за развој на наследниците, за успешно да ја преземат управувачката функција.

На овие теми ќе говори М-р Наталија Пекиќ, која е дел од тимот кој веќе пет години по ред го организира Бизнис форумот „Семејните компании – столб на економијата“ на балканските простори ( Бања Лука, Сараево, Белград).

Инаку, г-ѓа Пекиќ е водител на колегиумот на „Управување со семејните компании“ на додипломските и постдипломските студии на Претприемништво на Економскиот факултет во Осијек, а своето знаење во областа на семејното претприемништво веќе долги години го пружа и преку советувања и предавања во Центарот за претприемништво во Осијек. Воедно и сама е претприемач, сопственик на компанија веќе 20 години.

Освен М-р Пекиќ, на конференцијата ќе можат да се слушнат еминентни претставници од бизнис заедницата кои ќе дискутираат на темите. Учесници се: Г. Сашо Наумоски од Витаминка, г. Муарем Муртезани од Алма М, г. Златко Леов од Леов компани, г. Филип Смилковски од Индустри сервис, г. Крсте Блажески од Инекс Дрим хотели, г.Симон Ендровски од Bella, г. Виктор Мешков од СЕАФ и СПМГ, г. Дејан Стаматов од Стопанска банка...

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top