Е-Б-Ф-Б
ЕКОНОМИЈАТА НА ХОНГКОНГ Е ПОВТОРНО НАЈКОМПЕТИТИВНА


 

Според овогодишното истражување на швајцарскиот Институт за компетитивност „ИМД“ (IMD), по три години пауза, Хонгконг повторно е на чело на земјите чии економии се најкомпетитивни. Меѓу најважните карактеристики според кои економијата на Хонгконг го бележи овој успех се смета поддршката за иновациите во средина со ниски даноци и безмалку никакви рестрикции на протокот на капиталот. Истражувањето е спроведено според анкетата на преку 5 400 испитаници, кои се претставници на извршните функции во најголемите бизнис компании. Институтот ги разгледува одговорите кои се поделени во четири носечки фактори како што се: перформансите на економијата, ефикасноста на Владата, ефикасноста на бизнисот и инфраструктурата. Последен пат Хонгконг на челната позиција на оваа листа беше во 2012 година кога водството го презеде економијата на САД. Според директорот на Институтот „ИМД“, најголемиот фактор за компетитивноста на економијата на Хонгконг е севкупното окружување кое се смета за пријателски настроено кон бизнисот. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top