Е-Б-Ф-Б
ŠKODA OCTAVIA ЗА 2017 ГОДИНА ОСВОЈУВА СО ДИНАМИЧНОСТА И ЕФИКАСНОСТА

OCTAVIA

Новиот мотор вграден во Octavia е вистинска уметност од сите аспекти на технологијата, кој се одликува со извонредни перформанси и мала потрошувачка на гориво. 

Со уште помала потрошувачка на гориво од претходно, динамичнo контролна шасија, нови „паметни“ технолошки решенија и бројни други иновации, новиот модел на ŠKODA Octavia за 2017 година е подготвен да ги задоволи вкусовите и на најпребирливите купувачи.

Најпродаваниот модел на ŠKODA, Octavia, со верзијата за 2017 година станува уште подинамичен и поефикасен. Може да се пофали со нов, високотехнолошки трицилиндарски бензински мотор со моќност од 115 коњски сили, како и со динамична контролна шасија која е достапна кај моделите со над 150 КС. Новата ŠKODA Octavia истовремено е комбинација на хечбек и караван со моќен и економичен мотор. Кај овој модел, моќта на бензинските и дизел моторите е зголемена и тоа од 230 КС кај бензинските TSI мотори и 184 КС кај дизелските TDI мотори.      

Кај TSI моторите, трицилиндарскиот бензинец ќе го замени 1,2 литарскиот мотор со четири цилиндри. Со зафатнина од 999 кубни сантиметри, новиот 1.0 TSI произведува 115 коњски сили. Првиот трицилиндарски мотор во историјата на овој сериски модел има софистицирана акустика и овозможува возачки перформанси со кои го надминува својот претходник. Новиот мотор вграден во ŠKODA Octavia е вистинска уметност од сите аспекти на технологијата. Неговата компактна конструкција заедно со алуминиумските делови придонесуваат да тежи само 78 килограми, при што ги задржува главните карактеристики на сите типови мотори на ŠKODA Octavia како што се извонредните перформанси и малата потрошувачка на гориво. 

Во комбинација со седумбрзински менувач, новиот 1.0 TSI мотор и овозможува на новата ŠKODA Octavia да забрза до 100 километри на час за 10 секунди, при што може да достигне максимална брзина од 202 километри на час. Во комбинација со шестбрзинскио рачен менувач, забрзувањето од нула до 100 километри на час се достигнува за 9,9 секунди.  

Најголем напредок е постигнат кај вбризгувањето гориво во новиот трицилиндарски TSI мотор, што е за осум отсто пониско отколку кај претходниот мотор. Хечбекот со седумбрзински менувач може да помине 100 километри со само 4,5 литри гориво, додека кај комби верзијата потрошувачката изнесува  4,6 литри.

На барање на клиентите, ŠKODA испорачува аеро пакет со насочени модификации со кој уште повеќе се зголемува ефикасноста на возилото. Неговите компоненти вклучуваат спортска шасија која го носи телото поблиску до патот и со тоа го намалува струењето на воздухот, активни клапи за воздух кои обезбедуваат подобра аеродинамика и задната врата или спојлер на покривот за понатамошно подобрување на протокот на воздух. Гумите се оптимизирани за низок отпор при вртењето. Сите овие подобрувања придонесуваат за намалување на потрошувачката на гориво на 4,4 литри на 100 километри во двете верзии, и на хечбек и на комби со рачен менувач.

Во новиот модел за 2017 година, ŠKODA нуди адаптивна динамична контролна шасија (DCC) за Octavia со мотори со моќност над 150 коњски сили. DCC нуди многу поразлично искуство на возење – овозможува прилагодување на управувачот во зависност од избраниот режим:  удобен, нормален или спортски. Овој систем придонесува и за поголема безбедност - системот автоматски се префрлува од еден во друг режим во опасни ситуации, а со тоа обезбедува поголема стабилност, подобро прилепувањето на гумите и пократко растојание при сопирање.

Целосниот пакет на ŠKODA Octavia секогаш овозможува нешто повеќе од конкуренцијата со тоа што дарежливо нуди повеќе простор и ја комбинира елегантната хечбек форма со голема задна врата. Нуди извонреден внатрешен простор, заден простор за нозете и за главата во сегментот на компактни автомобили.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top