Е-Б-Ф-Б
РЕПОРТАЖА ЗА ПРОЕКТОТ ЛИДЕР

Јорданка Кацарска
Авторот е програмски менаџер, „Македонија 2025“

Од 9 до 20 мај во Скопје се одржа деветтото издание на Проектот Лидер. Оваа интензивна десетдневна програма „Македонија 2025“ ја организираше во соработка со Школата за бизнис „Ричард Ајви“ од Канада, која е една од најдобрите институции во светот за изучување на економијата, на бизнисот, на светските трговски текови, на менаџментот и многу повеќе. Проектот Лидер се одржува во неколку земји истовремено, а македонскиот сајт континурано се рангира како најдобар од сите. Во 2015 година, „Блумберг њузвик“ го позиционираше „Ричард Ајви“ на првото место во светот за интернационални МБА програми, што претставува уште еден податок за значењето на оваа обука и влијанието што го има таа во зајакнувањето на способностите на претприемачите од Македонија. Може да се каже дека ваквото сумирање на суштинските премиси на една МБА програма, иако со траење од само десет дена, резултира со пренесување на знаење и на вештини што можат да се применат во која било компанија, без разлика на секторот или на нивото на учество во целокупната економија. Сведок за успехот е и сè поголемиот број на апликации кои „Македонија 2025“ ги добива за учество во Проектот. Од 100 апликации во 2016 година беа избрани 45 најуспешни и ним им беа доделени целосни стипендии. На крајот на Проектот Лидер зборувавме со инструкторите од „Ричард Ајви“ кои ги сумираа своите впечатоци од прекрасниот престој во Македонија и од успешното реализирање на нивната цел, а имавме можност да слушнеме и многу позитивни сведоштва од самите учесници.

Впечатоци на инструкторите



Сведоштва од учесниците на Проектот Лидер 2016

ЗАКЛУЧОК

Во текот на двонеделните интензивни предавања учесниците континуирано работеа на подобрување на нивните бизнис планови и слушаа дополнителни обраќања од истакнати лидери во бизнисот. Обуката заврши со нивна презентација пред жири од 11 членови, составено од инструкторите и од претставници на бизнис секторот. Секој сегмент на презентацијата беше оценуван и учесниците добиваа повратна информација за своите резултати. Тројца кандидати беа избрани за најдобри и „Македонија 2025“ им додели ваучер за учество на Самитот во октомври.
Она што успеваме да го заклучиме со имплементирањето на вакви програми е колку е голема важноста на неформалното бизнис образование и постојаната професионална надградба. Тоа што „Македонија 2025“ им го овозможи во изминативе неколку години на повеќе од 250 сегашни и идни претприемачи е директно едукативно искуство со следење на најновите трендови во деловниот свет. Проектот Лидер нуди едно такво искуство кое го надополнува институционализираното бизнис образование и индивидуалните обиди да се успее во својата сфера. Ефектите од тоа веќе можат да се видат преку свежиот бран на иновативност во бизнис идеите и подобрување на малите, но битни детали во начинот на кој функционира деловната екосфера во Македонија, што особено важи за помладите генерации. Во меѓувреме ни останува да продолжиме да бидеме упорни во стекнувањето вештини, во градење нови домашни партнерства и соработки и во проширувањето на деловните дејности надвор од нашата земја. Со нетрпение го очекуваме идното издание на Проектот Лидер и новите лица и бизнис идеи кои ќе влезат во силната конкуренција на новото македонско претприемништво и поимање на деловните функции кај нас и во светот.
„Македонија 2025“ продолжува да им нуди на македонските бизнис професионалци уникатни можности за надградба со кои ќе бидат чекор поблиску кон освојување на светските пазари. Во периодот од јуни до септември македонските извршни директори ќе имаат можност да се стекнат со врвно образование на Шулих школата за бизнис, а до крајот на 2016 година „Македонија 2025“ ќе најави и нови можности за школување на престижни универзитети во САД.
Македонија 2025 е независна, невладина и непартиска организација со поддржувачи во целиот свет, која поврзува иницијативи, развива глобални партнерства и помага во развојот на економијата на Македонија.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top