Lifestyle
ZTE V7 MAX СО СЕНЗОР ЗА ОТИСОК НА ПРСТОТ СМЕСТЕН НА ДЕСНАТА СТРАНА НА ТЕЛЕФОНОТ


 

Компанијата ЗТЕ (ZTE) го претстави новиот телефон ZTE V7 Max што ќе има сензор за отисок на прст на десната страна од телефонот каде што вообичаено стои копчето „Power“.
Освен наведениот сензор, овој телефон ќе има 5,5-инчен монитор со резолуција од 1 920 х 1 080 пиксели. Капацитетот за чување на податоци ќе биде 32 GB.
Задната камера е со 16 мегапиксели и има автофокус и детектор за лице. Предната „селфи“ камера има 8 мегапиксели. Батеријата е со капацитет од 3000 mАh.
На пазарот ќе има две верзии што ќе се разликуваат според рам меморијата. Едната верзија ќе биде со 3 GB, додека другата верзија ќе биде со 4 GB рам меморија.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top