Lifestyle
ПРЕТСТАВЕН ACER ASPIRE S 13


 

Компанијата „Ејсер“ („Acer“) го претстави новиот лаптоп Aspire S 13. Неговата главна задача е да понуди соодветна замена за 13-инчниот MacBook на „Епл“ („Apple“) и за „Дел“ (Dell) XPS 13.
Станува збор за лаптоп со 13-инчен монитор со резолуција 1 920 х 1 080 пиксели, што ќе биде осетлив на допир. Овој модел на „Ејсер“ („Acer“) ќе работи на процесор на Интел од серијата Skylake. Потенцијалните купувачи ќе можат да одберат дали тоа ќе биде Core I3, Core I5 или Core I7. Ќе биде опремен со 8 GB рам меморија и со хард диск од 512 GB. Ќе работи на Windows 10.
Стандардно овој лаптоп е опремен со батерија која гарантира работа од 9 часа. Но, во понудата, исто така, ќе има можност да се одбере и батерија од 54 Whr, што гарантира работа од 12 часа со едно полнење.
Од остантатите работи овој лаптоп ќе има два USB 3.0 влеза, еден USB-C и еден HDMI влез. Има и поддршка за Bluetooth и Wi-Fi. Неговата тежина ќе биде 1,3 килограми.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top