Е-Б-Ф-Б
ЕКОНОМСКО ЗАБАВУВАЊЕ ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД 2016 ГОДИНА?


Водечкиот композитен индекс ја прогнозира економската активност во Република Македонија врз основа на комбинирање индикатори за кои се смета дека ѝ претходат на економската активност со време на прогнозирање од околу шест месеци нанапред. Некои индикатори што ги комбинира овој индекс се: број на невработени кои се регистрираат за паричен надоместок, издадени одобренија за градба, индекс на нови нарачки во преработувачката индустрија, кредити пласирани на претпријатија, увоз на машини и опрема и слично.

По период на изненадувачки висок раст, композитниот водечки индекс за првпат покажува посериозни знаци на слабост во јануари 2016 година, по најмалку 16 месеци годишен раст од над 8 индексни поени. Во јануари 2016 година, годишниот раст се намали на 6.2 индексни поени, додека месечната динамика е негативна, -5.2 индексни поени, само делумно рефлектирајќи сезонски флуктуации. Политичката криза за првпат се релектира врз водечниот индекс и укажува дека во втората половина од 2016 година може да се очекува позначајно забавување на економската активност.

Дифузниот индекс на идната економска активност е показател за уделот на компонентите на композитниот индекс за идната економска активност, кои оствариле пораст во месецот. Според овој индекс, во јануари 2016 година само 22 % од компонентите на водечкиот индекс забележале пораст, што кореспондира со движењата кај композитниот индекс. Имено, само берзанскиот индекс и каматниот распон забележуваат неопаѓачки движења, додека сите останати компоненти се во негативната зона, одразувајќи значително „стегнување“ на приватниот сектор што ќе се ефектуира во втората половина годинава. 

Извор: Finance Think за потребите на Економија и бизнис

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top