Е-Б-Ф-Б
„МУДИС“ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД РУСИЈА


Агенцијата одлучи да се повлече националната Рејтинг агенција МИРА (MIRA) од Русија, која претставува заедничка компанија со рускиот информациски сервис „Интерфакс“. Одлуката за повлекување е поради новите законски измени и, како што наведуваат од Агенцијата, поради останатите потенцијални рестрикции кои се очекуваат од руската држава, а кои би влијаеле на структурната и на оперативната независност на куќата. Руските власти одобрија закони кои ќе стапат на сила оваа година, а со кои се обврзуваат домашните рејтинг агенции да гарантираат дека нема да ги повлекуваат локалните кредитни рејтинзи доколку тоа биде побарано од некоја странска влада. Според аналитичарите, со ова Русија сака да се заштити од евентуалните намалувања на локалните рејтинзи поради наметнатите санкции од страна на Европската Унија и на САД и да го задржи влијанието врз рејтинзите на домашните финансиски институции. Како што најавуваат од компанијата, таа останува посветена во анализите на руската економија и оваа последна одлука нема да има никакво влијание врз оценувањето на кредитниот рејтинг на државата, како и на постоечките меѓународни компании од Русија. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top