Lifestyle
ХРАБРИОТ СТИЛ ГО ДЕФИНИРА СОВРЕМЕНИОТ МАЖ НА ХУГО БОС (HUGO BOSS)


Колекцијата на Хуго бос (HUGO BOSS) за пролет-лето 2016 е инспирирана од енергијата на летото, на природата и на архитектурата, притоа користејќи лесни материјали и светли бои, а модните додатоци и чевли имаат спортски финеси. Храбриот избор на бои во новата колекција како кралскосина и енергична црвена нијанса прават колекцијата да изгледа уште побогато, придонесувајќи за луксузен морнарски изглед. Неизбежни се и неутралните тонови на сива, на црна,на кремаста и на бела основа. Силните и неутралните бои на овие парчиња се идеални за експериментирање. Парчињата кои се со неутрални тонови се спротивставуваат на потемните бои кои додаваат за поконтрастен изглед на облеката.


Моделите добиваат нов приказ и овозможуваат разноликост во комбинирањето на контрастни парчиња. Модерниот мантил, спортскиот елек, смело испечатената маица или кошула даваат нова димензија во облекувањето.
Инспирацијата за интензивните темносини нијанси доаѓа од длабочините на морето и е пренесена на џемперите, на кошулите и на кусите панталони, кои патем се комбинираат со елегантни сакоа и спротски чевли во кои ќе изгледате модерно, а истовремено и софистицирано. Наутичките мотиви се совршено пренесени на прецизно скроените одела, кои се создадени за модерниот и современ маж.
Архитектонските перспективи и неправилните мрежни линии ја пренесуваат енергијата на градот и тие се испечатени на остро скроените парчиња во сиви тонови. За порелаксиран изглед се користат лесни ткаенини како лен и свила, кои се комбинираат со кожни модни додатоци. Спортските обувки од превртена кожа се елегантни и неизбежни во секојдневниот стил.
Креирајте го вашиот изглед. Еден концепт, различни стилови и безбројни комбинации. Секогаш гламурозни во Хуго бос (HUGO BOSS).

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top