Интервјуа
КЛАСИЧНИТЕ ФИНАНСИСКИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕДНО МЕСТО

Викторија Јовановска
Директор на Сектор управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија

 


Банкоосигурувањето е новиот голем тренд во банкарското работење во Македонија. Генерално, кои се според Вас предностите од банкоосигурувањето за клиентот, за банката и за друштвото за осигурување?

В. Јовановска: Животното осигурување во Македонија е услуга која има тренд на пораст и станува сè попопуларна и ценета на пазарот. „Шпаркасе банка Македонија“ следејќи ги современитe трендови, како и искуството на нашиот акционер, се лиценцираше за застапник во осигурувањето со цел да може производите за животно осигурување да им ги овозможи на своите клиенти на едно место со класичните финансиски производи и услуги. Во насока на создавање долгорочни односи со клиентите, „Шпаркасе банка Македонија“ воведе кредитни производи кои ги поврза со полиса за животно осигурување. Полисата за животно осигурување на клиентот му овозможува во случај на настанување на осигурен настан, Банката да го наплати кредитот од полисата и со тоа клиентот да не остава наследни долгови на своето семејство. Од друга страна, полисата за Банката претставува дополнително осигурување кое го намалува ризикот од ненаплата по настаните од кој осигурува полисата. Во соработка со компанијата „Винер лајф“ со која „Шпаркасе банка Македонија“ има стратешко партнерствo, и понатаму ќе креираме производи кои ќе имаат додадена вредност за клиентите токму во насока на сигурност која ја обезбедува и полисата за животно осигурување. Сигурна сум дека во иднина клиентите сè повеќе ќе ги препознаат поволностите на овој вид производи кои ги нудиме и ќе ги развиваме и понатаму.

Во рамките на банкоосигурувањето „Шпаркасе банка Македонија“ нуди лепеза на производи. На страната на штедењето е производот „Профит“. За што конкретно станува збор?

В. Јовановска: Станува збор за производ на мешовито животно осигурување со штедна компонента. Кај овој производ во случај на настанување на осигурениот настан или во случај на доживување, на осигуреникот му се исплаќа осигурената сума зголемена за припишана добивка. На тој начин им се дава можност на клиентите да обезбедат сигурност за своите најблиски и притоа да штедат.
Со овој производ клиентот истовремено ги инвестира своите средства и врши осигурување на својот живот. Начинот на плаќањето на премијата е едноставен, односно таа се уплаќа еднократно во моментот на склучување на осигурувањето.
Минималната премија изнесува 1 000 евра и минималната осигурена сума 1 500 евра. Максималната осигурена сума е неограничена.

„БЕЗ РИЗИК“ Е ПРОИЗВОД НА „ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА“ ВО СОРАБОТКА СО „ВИНЕР ЛАЈФ“ КОЈ ГИ СПОЈУВА ПОТРОШУВАЧКИОТ КРЕДИТ И ЖИВОТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ ВО УНИКАТНА ПОНУДА. ОВОЈ ПРОИЗВОД ОБЕЗБЕДУВА ДОПОЛНИТЕЛНА ЗАШТИТА ПРЕКУ ЖИВОТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА КРЕДИТОБАРАТЕЛОТ И НУДИ ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ ВО ОТПЛАТАТА НА КРЕДИТОТ. ПОЛИСАТА ПОВРЗАНА СО ОВОЈ КРЕДИТ ГО ШТИТИ КЛИЕНТОТ ОД ШТЕТЕН НАСТАН СМРТ И ИНВАЛИДИТЕТ НАД 50 %

На страната на кредитирањето е производот „Без ризик“ поврзан со потрошувачките кредити. Од каков ризик се заштитени корисниците на вакви кредити од Вашата банка?

В. Јовановска: „Без ризик“ е производ на „Шпаркасе банка Македонија“ во соработка со „Винер лајф“ кој ги спојува потрошувачкиот кредит и животното осигурување во уникатна понуда. Овој производ обезбедува дополнителна заштита преку животното осигурување на кредитобарателот и нуди поголема сигурност во отплатата на кредитот. Полисата поврзана со овој кредит го штити клиентот од штетен настан смрт и инвалидитет над 50 %.
Покрај овој производ, „Шпаркасе банка Македонија“ воведе и ненаменски потрошувачки кредит со износ до 1,2 милиони денари со рок на отплата до 10 години со поволни каматни стапки. Токму овие услови бевме во можност да ги понудиме и поради полисата за животно осигурување која е составен дел на овој производ и го штити како клиентот, така и Банката од ризици кои ги осигурува полисата.

Во март годинава на Саемот за градежништво промовиравте нов пакет на услуги што, покрај станбениот кредит, вклучува неколку осигурителни елементи. Кажете ни нешто повеќе за овој пакет.

В. Јовановска: Купувањето на стан и решавањето на тоа прашање секако има и своја социјална компонента. Како „Банка на Вашето семејство“ наша цел е да создаваме производи и пакети кои ќе го овозможат решавањето на ова прашање, како во случајот со овој пакет. „Шпаркасе банка“ под платформата „Go 4“ го промовираше својот станбен кредит со исклучително поволни услови кои се придружени со поволни услови за осигурување на живот, како и на имотот, а поддржани во овој пакет од нашите стратешки партнери „Винер лајф“ и „Винер осигурување“, за станови од компанијата „Настел“. Се надевам дека со овој пакет успеавме на едно место да понудиме поволни услови за целосно решавање на станбеното прашање на клиентите.

(април 2016)

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top