Актуелно

Здравата исхрана стартува со листата за пазарење

Изборот на здрава храна е голем предизвик поради богатиот избор на разновидни производи во маркетите, меѓу кои може да се протне и производ што вообичаено не би го купиле поради слабите нутритивни вредности. Најсилниот сигурносен штит од можните грешки во пазарењето за повеќето потрошувачи е листата со намирници за пазарење, независно дали се движите меѓу рафтовите во маркетот или пазарите онлајн од вашиот мобилен или компјутер. Според вработените во Рептил маркети, овие потрошувачи се придржуваат кон она што е напишано на листот, а ако не можат да го најдат истиот производ бараат асистенција, најчесто да им помогнат да ја прочитаат декларацијата со составот на заменскиот производ или едноставно бараат мислење што продавачката би им препорачала во ситуацијата. Во Рептил маркети подготвија и неколку совети како да ја подготвите листата за пазарење онлајн или во маркет и при тоа да одберете здрава храна за семејството. При тоа, велат дека имале на ум дека здравите избори што ги прави потрошувачот се крајниот извор на добра исхрана за семејство. А здрав оброк може да се подготви само со соодветни состојки. - Планирајте што ќе готвите во текот на неделата Пред да ги изберете вашите артикли од кој било маркет или онлајн продавница, најдобро е ако можете да испланирате кои оброци ќе ги готвите таа недела. Тоа ќе ви го олесни креирањето на листата за пазарење, но ќе ви заштеди и време да не мора да трчате до продавницата за да купите состојки што сте ги пропуштиле. Ако ви недостига инспирација, погледнете го последниот прилог на Рептил маркети со рецепти, а кој се објавува на страницата на https://reptilmarketi.mk/ и се обновува речиси секој месец со нови идеи за оброци. - Набавете добра количина овошје и зеленчук Не е важно дали ќе пазарите онлајн или во маркет, важно е да одберете многу зеленчук, овошје, разновидни мешунки - грав, леќа, грашок, како и бадеми, ореви, лешници, разновидни жита како лен, семки, сончоглед, потоа живина, посно месо, млечни производи, како и риба. Што се однесува до диетата, разновидноста е секогаш добра. Може да размислите да купите и слатки компири наместо белиот компир, бидејќи имаат поздрави нутритивни вредности. - Кажете „да“ на целите зрна За да останете здрави, мора да се осигурате дека најмалку 50% од житните производи што секојдневно ги консумирате се со цели зрна. Размислете да купувате различни зрна, вклучувајќи јачмен, интегрален ориз, овес, просо, киноа... Ако купувате готови производи, одберете од оние што содржат малку маснотии, сол и шеќер. - Погледнете ја декларацијата Ако одберете готов производ што дотогаш не сте го купувале, погледнете ја декларацијата со состојките. Одбегнете ги оние кои во составот имаат адитиви за подобрување на вкусот или зголемување на рокот на траење на производот. Адитивите обично не се штетни за здравјето, но може да влијаат на оригиналниот вкус на храната, како и нејзините хранливи карактеристики. - Набавете и смрзнато овошје и зеленчук Кога пазарите покрај свежата храна, набавете и смрзнато овошје и зеленчук затоа што на тој начин дома секогаш ќе имате храна со здрави нутритивни вредности. Многу истражувања покажуваат дека смрзнатата храна со современите технологии за брзо замрзнување ги задржува повеќето хранливи вредност и е одлична замена за подготовка на оброкот во случаи кога немате свежи овошки или зеленчуци. При тоа е и попрактично за користење зашто кога го подготвуваат за смрзнување зеленчукот и овошјето го мијат, бланшираат и сецкаат. Подготвено е за готвење со што се скратува и времето потребно да го подготвите хранливиот оброк.

Зијин ја реафирмираше амбицијата да инвестира 1,26 милијарди долари во српскиот рударски комплекс Бор

ЗИЈИН БОР КОПЕР, српското претставништво на големата кинеска рударска група ЗИЈИН, ја реафимираше намерата да ја заокружи инвестицијата во рудникот БОР на 1,26 милијарди долари. Инвестициите се наменети за ремонт и замена на машините и капацитетите на рудникот, како и подобрување на безбедноста и заштитата на животната средина. „За една и пол година откако го презедовме РТБ Бор, инвестиравме околу 600 милиони долари. Ние веруваме во иднината на компанијата во Србија и немаме намера да ги намалиме инвестициите“, изјави Симон Линг, директор на компанијата. Во планот на компанијата е имплементација на т.н. концепт на „зелено рударство“ (green mines) за чија намена досега се засадени преку 50 илјади садници на територија од близу 20 илјади хектари во околината на рудникот. Планот предвидува инвестиции и во филтри за намалување на загадувањето, опрема за третман на отпадните води, систем за заштита од протекување на гас итн. Пред две години ЗИЈИН внесе 350 милиони долари во РТБ Бор, стекнувајќи со тоа мнозинска сопственост, по што комплексот беше преименуван во „Зијин Бор Бакар“.

Една милијарда долари од Амазон за развој на технологијата за автономно управување со возила

АМАЗОН (Amazon.com Inc) дал согласност за купување на калифорниската стартап компанија за автономно управување со возилата „зукс“ (Zoox Inc) за што компанијата ќе треба да исплати преку една милијарда долари. Одлуката претставува дел од серијата инвестициски одлуки за инвестиции на АМАЗОН во развој на возила и автономно управување за што одвои преку половина милијарда долари минатата година за учество во АУРОРА (Aurora Innovation Inc), стартап компанија за развој на технологијата за автономни автомобили. Целта на АМАЗОН е подготвено да се дочека нивото на развој на автономните возила чија примена неспорно ќе биде наметната на големите трговски компании, особено на компаниите за достава на стоки за широка потрошувачка каква што е АМАЗОН. Според договорот кој сè уште е во фаза на финализација, извршниот директор на ЗУКС Аика Еванс, како и коосновачот и главниот технички директор на компанијата Џеси Левинсон остануваат да ја предводат компанијата како засебен бизнис независен од сега веќе мајката фирма – АМАЗОН.

Шел ќе отпише рекордни 22 милијарди долари од активата поради пандемијата

Остриот пад на побарувачката за нафта и нафтени деривати го принуди англо-холандскиот нафтен гигант ШЕЛ (Royal Dutch Shell) да ја ревидира својата позиција, депресирајќи ја својата актива за рекордни 22 милијарди долари, дури 7 повеќе од првично најавените 15 милијарди долари. Најавата за ревизија доаѓа по одлуката на компанијата за постепено напуштање на делот од бизнисот за енергенси кои се добиваат од фосилните горива, изложувајќи ја амбицијата на компанијата за постигнување на нивото од нето нула емисии до 2050 година. Информациите од компанијата говорат дека само во вториот квартал намалувањето на продажбите надминуваат 40 % достигнувајќи ниво од четири милиони барели на ден. Нивните прогнози се дека во наредните квартали продажбата ќе се стабилизира на нешто повеќе од 2,3 милиони барели месечно, значително помалку од 2,71 милион барели – просекот заклучно со јануари оваа година. ШЕЛ е најголемиот снабдувач на мало на фосилни горива, чија пазарна вредност во моментов надминува 120 милијарди долари.

Макпрогрес развива регионална академија и центар за иновации со поддршка на ЕБОР

Компанијата Макпрогрес Виница, која оваа година прославува 30 години од постоењето, како лидер во индустријата за кондиторски производи својата работа ја базира на постојана иновација и континуиран развој на вработените. Во таа насока, оваа година Макпрогрес започна со проект за основање на тренинг центар за обуки кој ќе служи за потребите на Макпрогрес, но исто така и на бизнис професионалците од регионот. Тренинг центарот кој ќе овозможи градење на менаџерските капацитети, како и специјализирани обуки за вработените во Макпрогрес, се очекува да почне со работа оваа есен. „Во рамките на тренинг центарот планираме да воведеме модерна лабораторија за истражување и развој за прехрамбените технологии во пекарската и кондиторската индустрија,технолошко следење и аналитика, развој на нови производи, анализа на постоечки и нови сировини, како и тест проби со процесна опрема. Ќе развиваме соработка со научни институции, средни училишта, старт-ап компании, итн. Во рамки на центарот ќе постои и креативен кампус со ко-воркинг околина за промовирање на иновации со неколку сектори: креативна кујна, оддел за продажба, дел за маркетинг, дизајн и креирање амбалажа, мехатроника, сензорика и технологија“, изјави Извршниот директор на Макпрогрес, Глигор Цветанов. Проектот е финансиран од Владата на Јапонија преку Фондот за Соработка со Европската банка за обнова и развој. ,,ЕБОР полага особено внимание на улогата на приватниот сектор во насока на развој на вештини, имајќи во предвид дека компаниите се најдобро поставени да ги идентификуваат вештините потребни за нивните вработени да бидат продуктивни и да постигнат најдобри резултати. Она што е особено вредно за внимание е фактот дека успешна компанија како Макпрогрес се вклучува во обуки за потребите на пошироката заедница и за останатите компании кои се лоцирани во регионот. Ние сме многу среќни што можеме да ја поддржиме оваа значајна иницијатива“, рече Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР во Скопје. Македонската менаџмент консалтинг платформа за експертска поддршка, PrimePoint Partners, е избрана за целосно спроведување на овој проект во делот на креирање на брендот, дефинирање на програмите, утврдување на содржината и динамиката на предавања, селекција на професори/обучувачи, обука на обучувачите, спроведување на програмите, упис и селекција на кандидати, план за одржливост, мониторинг и евалуација, итн. “Нaм ни претставува особена чест да работиме со визионерскиот тим на Макпрогрес во создавање на иновативен тренинг центар кој ќе овозможи градење на вештините и одржлив развој за Источна Македонија“, изјави Билјана Марковиќ Стаменова, Партнер и Извршен директор на PrimePoint Partners.

Шпаркасе Банка ги претстави Sparky, новиот Viber chat асистент и Sparkasse Viber community

Во услови кога светот се справува со една од најголемите пандемии што досега се појавиле во човештвото, Шпаркасе Банка Македонија воведе нов канал за директна комуникација со своите нови и постојни клиенти преку официјален Viber Chat асистент „Sparky“. Како една од мерките за поголема заштита на граѓаните од евентуално заразување и ширење на коронавирусот ковид-19, Банката ја разви оваа алатка со која го олесни начинот на комуникација со нашите вработени. Апликацијата Viber, која е една од најомилените апликации во секојдневието на нашите сограѓани, сега им овозможува на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање. „Глобалната пандемија придонесе банките со забрзано темпо да го прилагодат своето работење и опслужување на клиентите преку засилена дигитализација и користење на електронските канали како главни канали за извршување на потребните банкарски операции. Прилагодувањето кон промените што ги донесе пандемијата е предизвик за секоја организација и треба да го најде вистинскиот модел за комуникација и за опслужување на клиентите, а без притоа да го намали корисничкото задоволство. Нашиот „Sparky“ Viber асистент ја има улогата да им го овозможи на клиентите директниот контакт со нашите вработени преку видеоповици и директни одговори на прашања на мобилниот телефон, со што ќе се намалат физичките посети во експозитурите и ќе придонесеме за зачувување на општото здравје во заедницата“ – изјави г-ѓа Викторија Јовановска, директор на Секторот за управување со физички лица на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Преку Sparkasse Viber Community (заедницата) клиентите редовно ќе ги добиваат информациите за промотивните кампањи на Банката, како и важните известувања од значење за корисниците на нејзините услуги. Станете дел од нашата Шпаркасе „заедница“ на следниот линк. Како дел од големото семејство на австриската групација на Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата, Шпаркасе Банка Македонија континуирано ги следи трендовите во банкарството и се стреми да стане еден од предводниците во развојот на дигиталните услуги во Република Северна Македонија. Банката и во иднина ќе продолжи да ги вложува своите ресурси во насока на поголема дигитализација, унапредување на банкарските процеси и градење позитивно корисничко искуство при користењето на финансиските услуги како преку дигиталните така и преку традиционалните канали за продажба.

Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 10%, со двојно зголемени инвестиции во износ од над 841 милиони денари и со 111 нови вработувања во периодот јануари-јуни 2020 г.

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2020 година, продажбите достигнуваат 4.740.145.403 денари, што е за 15% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 6.067.515.783 денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 8%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 10%. Од вкупните консолидирани продажби, 34% се остварени на домашен пазар, додека 66% се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 35%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21%, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 8%, а на другите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во земјите од Југоисточна Европа, со продажби од над 2 милијарди денари и со раст од 14%, споредено со истиот период од минатата година. САД бележат раст од 16%, Русија и другите земји во ЗНД раст од 8%, земјите од Западна Европа раст од 5% итн. Продажби според групи производи Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 86%. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со 23%, антибиотиците со 15%, кардиолошките препарати со 15%, невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 14% во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3%, козметиката со 8%, а билкарството учествува со 3%. Резултати од работењето Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 944.488.412 денари, бележи зголемување од околу 12%, додека единечната нето-добивка изнесува 525.025.059 денари и е зголемена за 10%. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 978.792.142 денари и бележи раст од 13%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 511.911.371 денари е зголемена за 11%. Инвестиции Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануари-јуни 2020 година, изнесуваат 841.058.536 денари, што е за 99% повеќе во однос на истиот период од 2019 година. Реализацијата на инвестициските активности, вредни над 12 милиони евра, наменети за проширување на производните капацитети, како и за подобрување на енергетската ефикасност и за намалување на штетните емисии во воздухот, кои започнаа во 2019 година, се одвива во согласност со планираното. Комплетирањето на овие инвестиции е предвидено во текот на 2020 година. Вработени Во периодот јануари-јуни 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 111 нови вработувања во Р.С.Македонија. На крајот на јуни 2020 година во „Алкалоид“ во земјата работат 1.771 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 529 вработени или вкупно 2.300 вработени во групацијата. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2020 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето. Податоци за акциите Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на „Македонска берза за хартии од вредност“ од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари-јуни 2020 година се движеше од 8.354,00 денари до 13.400,00 денари или просечно 11.949,58 денари за една акција, што претставува раст од 40% во споредба со просечната цена во истиот период од 2019 година. Пазарната капитализација на компанијата на 30.6.2020 изнесуваше 17 милијарди денари. Бизнис-план за 2020 година Бизнис-планот за 2020 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 27.12.2019 година, предвидува инвестирање на околу 14% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од најмалку 7% на консолидираните продажби во однос на 2019 година, како и раст од најмалку 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2019 година. Очекувања за претстојниот период Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици генерирани од пандемијата на COVID 19. Ние во „Алкалоид“ презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во текот на вториот квартал дојде до одредено балансирање на нивото на залихите кај нашите купувачи, како и до стабилизирање на порастот на приходи од продажби. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност. Како резултат на преземените мерки очекуваме резултатите од работењето на друштвото до крајот на годинава да се движат во рамките на веќе зацртаните плански цели за 2020 година.

По 84 години олимпус го напушти бизнисот со фотоапарати

Како што соопштија од компанијата, и покрај најдобрите напори да се зачува традицијата, „екстремно тешкиот пазар на дигитални фотоапарати“ се покажа дека повеќе не е профитабилен. Напредокот на камерите во паметни телефони е посочен како главниот фактор за екстремниот пад на пазарот за одделни камери поради што компанијата забележа загуби во последниве три години. Јапонската компанија ја направи својата прва камера во 1936 година по повеќегодишно производство на микроскопи. Златните години на ОЛИМПУС (Olympus) се сметаат седумдесеттите години од минатиот век кога компанијата практично доминира на пазарот за фотоапарати. Првиот бран на технолошки притисок кон крајот на минатиот век компанијата успешно го надминува, зафаќајќи пристоен дел од пазарот на современите дигитални апарати кои ги исфрлија од употреба апаратите со филм. Вториот бран на замена на посебните камери со оние на паметните телефони го намали пазарот на дигитални фотоапарати за 85 % во последнава деценија, што се смета за пресудно ОЛИМПУС да го напушти бизнисот.

Таргет трајно ја зголеми минималната „саатнина“ на 15 долари

Додека голем број сектори се соочуваат со предизвикот да обезбедат доволно работа за да не ги отпуштат своите вработени, секторот за дистрибуција и достава во САД веќе трет месец се бори за да ги задржи и да обезбеди нов прилив на вработени. ТАРГЕТ (Target Corporation) американскиот трговски гигант објави дека почнувајќи од јули ќе ја зголеми минималната „саатнина“ на своите вработени на 15 долари на час, нудејќи дополнителен еднократен „бонус за признавање“ од 200 американски долари на „вработените на линијата на продажба и во дистрибутивните центри кои се платени на час“ за нивната работа за време на пандемијата на корона вирусот. „Сè што сакаме да направиме и да бидеме како компанија е изградено на основите во која централна улога во нашата стратегија ја имаат членовите на нашиот тим, нивната посветеност кон нашата цел и врската што ја создаваат со нашите потрошувачи“ – стои во соопштението на компанијата од каде што наведуваат дека новата платежна политика ќе влијае на 275 000 работници.

Пет причини зошто треба да пазарите во Рептил

Со високиот квалитет на услуга во маркетот, присутноста во повеќе скопски населби и поставување на онлајн продавница, Рептил маркетите се наметнаа меѓу потрошувачите како соодветен избор за брзо пазарење. Живееме стресно и со брзо темпо. Во последните неколку месеци, сите бевме во потрага како да го намалиме ризикот по здравјето и стресот токму при набавката на храна и продукти за одржување на домот. Решението го понудија Рептил маркетите, затоа што веќе имаа воспоставено одличен сервис за испорака на продукти до дома, инстантно воведоа и мерки за заштита во маркетите. За сите оние за кои Рептил беше првиот избор, тој тоа остана. Многу други за првпат се запознаа со понудата на Рептил и ја одбраа и продолжија да ја користат. Но, што е она што Рептил го издвојува од другите? Ова се пет топ причини, по една за секој ден од неделата, зошто треба да пазарите во Рептил: 1. При пазарување, помош од вработени, секогаш на располагање на купувачите! Маркетите каде вработените со насмевка ќе Ве поздрават, ќе Ве услужат и ќе Ве испратат со поздравот „Повелете повторно!“. Од моментот на влегување во маркетот потрошувачите доживуваат автентично квалитетна услуга од секој вработен. Ако побарате помош каде може да го најдете производот, вработениот со насмевка ќе Ве поведе низ маркетот. Не само што ќе Ве однесе до полицата со производите, туку ако побарате совет, ќе Ве информира и кој производ подобро одговара на барања. Ако корпата е многу тешка, вработениот ќе понуди помош да ја подигне или да го дофати производот што е поставен повисоко на полицата. Ако го замолите, може да помогне да ги однесете производите до автомобилот а на постарите лица кои живеат во соседството, понекогаш им помагаат да ги однесат производите и до дома. Секогаш доследни со квалитетот на услугите, мотивот на вработени е секој потрошувач да има пријател во маркетот. Впрочем затоа и потрошувачите секогаш ги доживуваат како дел од маалото. 2. Онлајн пазарување, повеќе време за вас и вашето семејство. Секој што еднаш нарачал пица со достава, ја знае и најголемата предност на испораката на храна – повеќе слободно време за дружба. Со само неколку кликови на мобилниот, лаптопот или компјутерот преку www.marketonline.mk секој од дома може да испазари продукти за целата недела. Еден од најдобрите онлајн маркети е токму оној на Рептил маркетите, бренд што е постојано иновативен во услугите кон потрошувачите. Испораката на храната може да се закаже според тоа кога Ви одговара и вам. Свежи, квалитетни и добро спакувани, како лично да сте пазареле, производите ќе стигнат до местото што ќе го означите за достава. Пазарењето онлајн значи да не го напуштите комфорот на вашиот дом и да поминете повеќе време со вашето семејство или да си посветите повеќе време за вас. Ќе заштедите и на трошоците за гориво бидејќи нема палење на автомобилот. Нема барање на блиска локација за паркинг. Ако имате слободно претпладне, наместо во маркетот, може да излезете на прошетка во природа а кога ќе се вратите дома да пристигне нарачката од Рептил. Ако немате време да зготвите ручек, проверете, од Рептил доставуваат и готови јадења. Побрзи и вкусни како да се дома зготвени. Со www.marketonline.mk не само што ќе си ја олесните примената на мерките за заштита од вируси, ќе го заштедите и времето за повеќе одмор и уживање со вашето семејство. 3. Избор на широк асортиман на производи! Во Рептл маркетите покрај основните производи може да набавите и органски производи и продукти, како и храна без глутен или збогатена со протеини. Внесот на здрава храна е особено важен за секој потрошувач, но додека едните се ограничуваат само на набавка на свежо овошје и зеленчук што внимателно ќе го распоредат во оброците, други посветуваат многу внимание и на составот на производот – бројот на калории, присутни шеќери, како и протеини. 4. Картичката Клуб Рептил ја наградува лојалноста со пониски цени! Поволностите на картичката Клуб Рептил ја користат над 20.000 членови, лојални потрошувачи во Рептил маркетите. Членството носи бројни поволности, но пред се, попусти кои членовите ги користат во секојдневното пазарење. Во секое време може да искористите до 10 отсто попуст на над 500 производи. Производите кои се со специјални понуди за членовите се посебно означени во Клуб Рептил каталогот. Сите оние кои се уште ја немаат оваа картичка, може да аплицираат преку онлајн страницата на Рептил. Секоја година нај лојалните членови на клуб Рептил се наградени со пакет производи. 5. Во Рептил има повеќе видови на акции, викенд, неделни и месечни. Редовната понуда во Рептил Маркетите е збогатена со неделни акции и специјални понуди креирани специјално да Ви помогнат да заштедите. Пониските цени на производите се резултат од активностите на Рептил да одржи редовна комуникација со потрошувачите, да ги слушне и исполни нивните желби и очекувања преку времено намалување на цената на производот.

Твитер воведе опција за работа од дома – засекогаш!

Со оваа одлука „Твитер“ (Twitter Inc) стана првата голема технолошка компанија што им овозможи на вработените, чии работни обврски тоа го дозволуваат, да работат од далечина на неодредено време, активности кои беа предизвикани од социјалното и физичко дистанцирање поради појавата на корона вирусот. Компанијата за социјалните медиуми соопшти дека нема да ги отвори повеќето канцеларии пред септември, а вработените можат да изберат дали воопшто ќе доаѓаат во објектите или ќе работат од дома. Мерките предвидуваат откажување на сите службени патувања, со многу мали исклучоци, исто така до септември оваа година, и откажување на сите физички состаноци во компанијата до крајот на годината. Пандемијата, која досега има заразено повеќе од 4,2 милиони луѓе на глобално ниво, доведе до строги рестриктивни мерки во повеќето земји со што го смени начинот на функционирање на деловните активности при што работата од дома се појави како нова нормалност во функционирањето на одредени бизниси. „Твитер“ вкупно брои околу пет илјади вработени и сè уште нема податок колку од нив имаат право на оваа опција.

НЛБ Банка со поддршка за микро и малите претпијатија преку проектот НЛБ Рамка за помош

НЛБ Банка го започнува проектот „НЛБ Рамка за помош“ како одговор на актуелните случувања и неизвесните економски услови поради пандемијата со вирусот COVID-19, а со цел да им помогне на микро и малите бизниси од индустриите кои се најзасегнати од кризата. Преку оваа иницијатива, НЛБ Банка ќе им овозможи на микро и малите претпријатија поддршка преку бесплатно рекламирање и промовирање на нивните продукти и услуги преку различни медиуми. Прекинот и намалувањето на секојдневните бизнис активности, значи намалување на продажбата во тој период, намалување на приходите, а кај некои компании и намалување на бројот на вработени. Со „НЛБ Рамката за помош“, Банката ќе им овозможи на микро и малите претпријатија индиректно да ја зголемат својата продажба, да го вратат нормалниот тек на работење и да ги надминат негативните последици од кризата. Се работи за уникатен проект на ниво на сите банки на НЛБ Групацијата, со што Банката помага не само локално и самостојно како НЛБ Банка Скопје, туку координирано и заеднички со останатите НЛБ членки на едно пошироко и регионално ниво. „Нашите клиенти не се само корисници на банкарските услуги, туку се и наши партнери. Периодите на криза се моменти каде ова партнерство треба дополнително да зајакне. Преку „НЛБ Рамката за помош“ микро и малите претпријатија ќе добијат поинаков тип поддршка, која сметам дека ќе им помогне да го заживеат своето работење, и да ја зголемат продажбата на своите производи и услуги. Во рамките на проектот, на овие претпријатија ќе им овозможиме бесплатен рекламен простор за промовирање на своите производи и услуги со цел да ги доближат до потенцијалните купувачи и на тој начин полесно да се справат со силните притисоци од економската криза предизвикана од пандемијата. Ние сме Банка чие срце и припадност се овде, во овој регион, па ќе сториме сè што е во наша моќ, со заеднички напори да се справиме со оваа ситуација. Треба да сме свесни дека во ова сме сите заедно и борбата е заедничка.“ – истакна г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка. Сите микро и мали претпријатија кои имаат потреба од ваква поддршка можат да се пријават на веб страницата на Банката во периодот од 24 јули до 10 август. Сите апликации ќе бидат разгледувани од страна на комисија, при што ќе се се направи евалуација и селекција и ќе се изберат оние претпријатија кои ги исполнуваат условите и критериумите согласно поставените Правила на самата апликација. Избраните компании ќе имаат можност да се рекламираат во периодот од 1 септември до 31 декември. Со овој проект Банката ги продолжува своите активности во доменот на општествената одговорност, кои започнаа со самиот почеток на кризата преку различни преземени мерки и донации за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, како и Министерството за здравство на Република Северна Македонија во вкупен износ од 50.000 ЕУР. Повеќе информации во врска со проектот може да се добијат на веб страницата на Банката, преку социјалните мрежи, на телефон 02/15 – 600 или во најблиската експозитура на Банката.

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка. Почнувајќи од 01.07.2020 година Банката ги намали варијабилните каматни стапки на станбените кредити со ЕУР клаузула. Клиентите можат да аплицираат за НЛБ Станбените кредити со фиксна каматна стапка почнувајќи од 3% и варијабилна каматна стапка за остатокот од периодот која е намалена и сега изнесува 4% (4 процентни поени + 6 месечен ЕУРИБОР). Воедно, по повод 35 годишниот јубилеј на Банката, НЛБ Станбениот кредит е со рок на отплата до 35 години, а НЛБ Потрошувачкиот кредит е со фиксна каматна стапка за првите 35 месеци. Со подолгиот период на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им се овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, со подолгиот период на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање. Сo промотивната понуда и поповолните услови НЛБ Банка сака да им излезе во пресрет на своите клиенти, да застане како нивен сигурен и доверлив партнер и да ги охрабри во донесувањето на некои од најзначајните животни одлуки, а тоа е купувањето на свој сопствен дом, решавањето на потребата од дополнителни финансиски средства, реновирање итн. Повеќе информации за кредитите клиентите може да добијат на веб страницата www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката, на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

ММФ: Годинава светската економија ќе помине полошо одошто тоа изгледаше во април

Меѓународниот монетарен фонд денес ги објави ревидираните проекции за светската економија во 2020 година. Се превидува дека глобалната економија ќе помине низ многу поголема турбуленција одошто тоа го покажуваа проекциите во април годинава. Падот на светската економија, којшто во април се предвидуваше да биде 3,0%, сега се проектира дека ќе изнесува 4,9%! Од поодделните региони и земји, за евро-зоната се проектира продлабочување на падот на економската активност за 2,7 процентни поени, со што сега падот ќе биде двоцифрен и ќе изнесува 10.2%. Песимизмот на ММФ за германската економија е релативно мал, со оглед на тоа што априлската проекција е ревидирана надолу само за 0,8 процентни поени, но годишниот пад и понатаму останува значителен и ќе биде 7,8%. Позначаен дополнителен пад од 3,7 процентни поени се очекува за Италија, со што падот за цела 2020 година би достигнал 12,8%. И американската економија не е поштедена од дополнително влошуваше на проекцијата. Со дополнителното продлабочување на падот за 2,1% ММФ проектира дека во 2020 година падот ќе биде двоцифрен и ќе изнесува 10,2%.

Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети, раст на девизните резерви

Вчера се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите економски показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на оваа седница беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5%. Имено, во условите коишто произлегуваат од пандемијата на ковид-19 и мерките за спречување на ширењето на вирусот, кои неповолно влијаат и врз глобалната и врз домашната економија, а при солидно ниво на девизни резерви и отсуство на инфлациски притисоци, од почетокот на годината монетарната политика е релаксирана. Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,5%, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за натамошно зголемување на ливидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економија. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, ликвидноста ослободена преку основниот инструмент на Народната банка, од вкупно 15 милијарди денари во април и мај, на седницата беше оценето дека е соодветна, при што беше одлучено на аукцијата на благајнички записи што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари. На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија. Растот на економската активност значително забави во првиот квартал на оваа година и изнесуваше 0,2% на годишна основа, наспроти раст од 3,4% во претходниот квартал. Случувањата поврзани со појавата на ковид-19 во глобални рамки, како и мерките кои беа преземени за спречување ширење на вирусот, во текот на март доведоа до влошување на деловната активност, видливо кај поголем дел од економските дејности. Гледано од расходната страна, ваквата состојба се одрази врз домашната побарувачка, која имаше помал позитивен придонес за растот на БДП, кој речиси во целост беше неутрализиран од негативниот придонес на нето извозот. Послабата домашна побарувачка во првиот квартал произлегува од малиот пад на бруто инвестициите, наспроти нивниот солиден раст во претходниот квартал, како и на забавувањето на растот на личната и јавната потрошувачка. Тековно расположливите високофреквентни податоци за вториот квартал од оваа година се ограничени за поцелосно согледување на состојбите, но податоците за индустријата и трговијата за април упатуваат на понатамошни и понагласени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност. Во однос на инфлациските движења, ценовните промени во периодот април-мај засега се во согласност со проекцијата за вториот квартал. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата од 0% за оваа година, тековно се оценуваат како урамнотежени. Сепак, и понатаму постои голема неизвесност околу идното движење на светските цени на примарните производи, поврзано со коронавирусот и времетраењето на пандемијата. Нивото на девизните резерви се одржува во сигурната зона, а остварувањата во текот на второто тримесечје, главно се во согласност со очекувањата. Во текот на овој месец, девизните резерви забележаа значаен раст од околу 600 милиони евра. Податоците од надворешниот сектор за второто тримесечје се ограничени, но од расположливите податоци се согледува поизразено негативно влијание врз домашната економија од ширењето на коронавирусот, во согласност со очекувањата дека негативните ефекти ќе бидат најсилни во април, со постепено закрепнување во преостанатиот дел од вториот квартал. Последните информации од надворешнотрговската размена за април 2020 година упатуваат на можност трговскиот дефицит да биде во согласност со очекувањата според проекцијата, иако периодот од еден месец е краток за донесување посигурни констатации во овој домен. Податоците за менувачкиот пазар заклучно со мај, засега укажуваат на можност нето-приливите од приватните трансфери да бидат пониски од очекуваните за вториот квартал. Остварувањата кај билансот на плаќања во првиот квартал од оваа година упатуваат на дефицит во тековната сметка, којшто е во согласност со априлската проекција, а поголеми отстапувања во однос на проекцијата не се забележани ниту во финансиската сметка. Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за мај покажуваат нивен годишен раст, во согласност со проекцијата за вториот квартал од годината. Во изминатиот период, ликвидносна состојба на банкарскиот систем се задржа на релативно солидно ниво, што се потврдува и со ниската потреба на банките за задолжување на пазарите на пари. Дополнително, показателите за домашните финансиски пазари за мај упатуваат на умерено подобрени трендови на девизниот пазар, што може да упатува на постепено стабилизирање на очекувањата на физичките лица и економските субјекти. Во такви околности, во мај, Народната банка беше присутна на девизниот пазар со умерено пониски интервенции за продажба на девизи на месечна основа, од вкупно 53,7 милиони евра. Во текот на минатиот месец, склоноста за преземање ризик од страна на инвеститорите на меѓународните финансиски пазари се зголеми, што упатува на одредено враќање на оптимизмот. Имено, во многу странски економии, повторно беа отворени компаниите од повеќе дејности, а на глобално ниво е присутна и натамошна поддршка од страна на носителите на монетарните и фискалните политики. Следствено, беше забележан и нагорен тренд на берзанските индекси, зголемување на приносите на најбезбедните државни обврзници во еврозоната и стабилизирање на приносите на државните хартии од вредност издадени од САД. Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена на Народната банка. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата на ковид-19 и натаму се присутни и изразени, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија, што влијае и на променливост во очекувањата. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на политиките, доколку тоа е потребно.

ИЛИНА АНГЕЛОВСКА – СКОПЈЕ ВО МОМЕНТОВ ЈА ДОЖИВУВА СВОЈАТА РЕНЕСАНСА

Диџеј име: Илина Ангел Возраст: 42 годиниСтил: Tехно, есид и тек-хаус Особен знак: Борец за природата, околината и животнитеРезидент во: Минус 1, БКВ Песна/албум на 2018 г.: Оригиналниот саундтрак на музиката за филмот „Викај ме по твоето име“ (Call Me By Your Name) – Руичи Сакамото/Суфјан Стивенс/разни музичариДоктор ДЏ, ако твоите слушалки ги замениш со докторски, која е твојата дијагноза за пулсот на Скопје/Македонија?Од аспект на културно-забавниот живот, Скопје во моментов ја доживува својата ренесанса. Конкуренцијата го збогати квалитетот. Отворањето нови места, разновидниот избор на гостувања, инвестирањето во концерти и културни настани ја подигнаа сцената на едно ново, повисоко ниво. Конечно почнаа да се поставуваат високи стандарди во озвучувањето и опремувањето во клубовите, што е алфа и омега за секој успешен настан. Покрај тоа, во изминатава деценија низ Скопје продефилираа сите позначајни имиња од светската музичка сцена, што кажува дека сме во чекор со останатите европски центри. Смешни ми се изјавите од типот „ништо не е како порано” и како имало супер атмосфера, а сега тоа е изгубено. Апсолутно нема да се согласам со тие констатации. Порано немаше критика, постоеја само 1 до 2 места за излегување и сите се собираа таму. Во моментов во Скопје постојат 5 ноќни клубови со квалитетна музичка програма, нови алтернативни и културни центри кои промовираат мултимедијални настани, видео, театар, перформанс, независни филмови, а тука е и МКЦ кој во последниве години се етаблираше како бастион за македонските бендови и нивна промоција. Од аспект на ДЏ можам да констатирам дека скопската публика е едуцирана, информирана и може да направи разлика што е квалитетна музика, а што шунд, барем во круговите каде што јас се движам. Со еден збор, во каква Македонија сакаш да живееш во 2019 г.?Свесна за животната средина.

НИНО НАУМОВ – ПОНЕКОГАШ САКАМ ПУЛСОТ ДА БИДЕ ПОГЛАСЕН, ПОМАСОВЕН

Возраст: 41 годиниСтил: Eлектро поп, диско панк, рок и тек хаус Особен знак: Бела маичка, велосипедизам, работи во Судски совет на РМРезидент/омилени места за сет: Минус 1, Кино Карпош, РадиоБар, Кафе Круг, Епицентар, Капан АнПесна/албум на 2018 г.?Албум: Laurie Anderson & Kronos Quartet – Landfall [nonesuch] 2018Песна: Princess Nokia – At the Top Доктор ДЏ, ако твоите слушалки ги замениш со докторски, која е твојата дијагноза за пулсот на Скопје/Македонија?Можеби диџејските слушалки не можат директно да го опипаат пулсот на луѓето што ги гледам додека пуштам музика, но сепак се главната алатка која овозможува континуирано музичко искуство кое преку звучниците се трансмитира до луѓето. Токму тоа искуство покажува што сакам јас како диџеј и што посакувам од луѓето што ги гледам на подиум. Особено ми е драго кога гледам љубов и желба за слушање нова музика, комплетно препуштање и потонување во музиката. Можеби понекогаш сакам тој пулс да биде погласен, помасовен, но од друга страна сѐ додека го има, знам дека има љубов за музиката и за Скопје. Со еден збор, во каква Македонија сакаш да живееш во 2019 г.?Самоодржлива.